Влен: „One Stop Shop“ на Блаце дава конкретни резултати, 44% повеќе патници и помалку чекање на граница

„Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, ги презентираше конкретните резултати од имплементацијата на системот ‘One Stop Shop’ на граничниот премин Блаце, кој донесе видливи придобивки за граѓаните. Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст од 44 проценти“, велат од Влен.

„Ова се конкретни резултати од заложбите за поефикасни граници, пократко чекање и побрзо и полесно движење за сите.

ВЛЕН продолжува да докажува дека владеењето со работа и резултати е вистинскиот пат за граѓаните и за државата“, соопшти Влен.

Текстот Влен: „One Stop Shop“ на Блаце дава конкретни резултати, 44% повеќе патници и помалку чекање на граница е превземен од МАКФАКС.