
Фортуна го голот на Фисник Синани славеше минимална победа од 0:1 над Кадино, во рамки на 11. коло во Трета лига – Север.
Екипата на Аеродром славеше домашна победа со резултат од 3:1 против Башкими Љуботен. Кристијан Апостоловски беше стрелец на еден гол, а двата гола беа дело на Александар Каланоски за Аеродром, за гостинот стрелец беше Нусерт Курти.
БВК Коњаре преку пресврт триумфираше над Њу Старс со резултат од 3:2. Борјан Тимовски беше двоен стрелец за гостинскиот тим, а пак за домаќинот стрелаа Алајдин АЛили, Бујар Мустафа, и Фати Јусуфи кој погоди во 90. минута за конечните 3:2.
Лидерот Шкендија од Арачиново со 3:0 лесно дојде до нов триумф, овој пат против екипата на Академија Илинден преку погодоците на Шуајб Алити, Илир Сула и Еркан Шаип.
Куманово на домашен терен однесе висока победа од 6:0 над Ржаничино, во меч каде Андреј Јовановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Златковски, Шерифи, голманот Трајковски кој погоди од белата точка и Тодоровски.
Еуромилк ГЛ на домашен терен исто така имаше висока победа од 6:0 над Риниа, откако Исмаиловски постигна хе-трик, а по еден гол постигнаа Петковски, Ивановски и Бакијов.
Пчиња на свој терен забележа победа од 2:1 над тимот на Беса Влазрими. Виктор Димков постигна гол за 1:0, но гостинот веднаш преку Лавдрим Сулимани постигна гол за 1:1. Во финишот на натпреварот Трпевски постигна гол за конечни 2:1.
Шкендија Арачиново е лидер на табелата со 31 бод, Фортуна е втора со со 26 бодови, а пак Еуромилк ГЛ е трет со 24 бодови.
Александар Ванев, М-Нет