
Вчера се комплетираше четвртото коло од Првата футсал лига, а во рамки на истото шампионот Форца со 6:1 и без многу мака го збриша Јувентус Серава за четири од четири и првот место на табелата со максимални 12 бодови на своето конто. Тимот на Форца го има најефикасниот напад со постигнати фантастични 41 гол или во просек Форца по меч постигнува нешто над 10 погодоци.
Шкупи исто така триумфираше убедливо со 6:2 над Клими од Кавадарци, со што и тимот на Шкупи има максимални 12 бодови и се наоѓа на второто место на табелата, со тоа што Шкупи ја има најдобрата одбрана која има примено четири погодоци.
Осогово на домашен терен дојде до важен и голем триумф од 7:4 над „фенерџијата“ Црна Река, единствен тим без бодови по четири кола во Првата футсал лига.
Во Крива Паланка паднаа 11 гола, а Осогово дојде до второто сезонско славје, а пак Црна Река запиша четврти пораз.
Кеги Моби го запиша третиот пораз откако загуби од повратникот Проект со 3:6 на домашен терен, а пак Железарец со 4:1 го доби Бутел.
Во однос на табелата Форца е прва со максимални 12 бодови, а толку бодови има и Шкупи кој е втор, додека пак Проект е трет со 10 бодови.
Железарец е на четвртото место со девет бодови, Осогово е пети со седум бодови и веднаш следува драстичен пресек на табелата. Пет екипи немаат победи во новата сезона, односно Клими е шестти со два бодови, а толку бодови има и Бутел кој е седми.
Јувентус Серва со еден бод е на осмото место, а пак Кеги Моби кој има примено најмногу голови дури 32 е на претпоследното деветто место со еден бод. На дното без бодови засега е Црна Река од Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет