Високи победи за Демир Хисар, Преспа и Кравари

Петтата рунда во Трета лига – Југозапад донесе многу погодоци. Демир Хисар пукна “петарда” на домашен терен за втора сезонска победа, откако со 5:0 го доби Влазними.

Китановски го отвори резултатот, голгетерот Каревски постигна хет-трик, а еден гол беше дело на Талевски.

Преспа на Градскиот стадион во Ресен со 4:0 го доби Јанг Тим. Стрелци за убедливата победа беа Пластиновски, Талевски, Усеиноски и Блажевски.

Светлост на домашен терен забележа висок пораз од Кравари со резултат од 0:3. Ризовски го отвори резултатот, а пак Алимовски беше двоен стрелец.

Фаворитот за прво место, некогашниот второлигаш Кораб со 2:3 ја доби Лирија во Грнчари. На полувреме гостинот од Дебар имаше 0:2 предност со головите на Леши и Амбари. Во вториот дел Реџепи намали на 1:2, а потоа Леши со втор гол обезбеди 1:3 предност. Во 89. минута Рустеми ги постави конечните 2:3.