
Во сабота спрема недела стрелките на часовникот се враќаат за еден час назад со што почнува зимското сметање на времето. Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето , летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h се смета како 02h. Граѓаните на терен во Штип пред се повозрасните велат ова е пракса која се случува секоја година. За дел од нив промената влијае врз нивното здравје, друг дел пак се децидни стрелки начасовникот не менуваат ништо – најважен е велат биолошкиот часовник.
„Биолошкиот саат е најважен, стрелките колку сакаш ги стави дали ќе бидат еден саат напред или назад исто си е. Биолошкиот саат треба да внимаваш.
Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, но тоа се уште не се случи.
Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта помеѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела во март кога времето се поместува еден час нанапред.
Лаура Стојанова М-Нет