
Краставички, карфиол, моркови, зелка, период кога на пазарите тезгите изобилуваат со производство ама побарувачка нема. Петок пред први, па пензии нема, а поголем дел од граѓаните веќе завршиле со подготовка на зимници и туршии. Токму затоа продавачите на градскиот пазар во Штип согласни дека слаба е и раздвиженоста и побарувачката. За цените велат пониски се споредбено со претходниот петок.
„Денеска пазарот слабо нема, дали оти е празник, а и пензии нема,. Најмногу се бара доматот црвен и розов – 100 денари килограм моментално, стават си луѓето полека полека. Цените се пониски споредбено со претходниот петок, само зелката е стабилна 30 денари“ – велат продавачите.
За купувачите скапо и денеска, има што да се купи ама нема со што. Пред пензија велат од пазар си одат со празни колички.
„Тие па тие се цени, скапо е, за нас скапо можеби за нив што работат е евтино. Ете гледаш ние со празни колички ќе си одиме. Има се, нема со што.“ – велат купувачите.
Драстични промени во цените на производите не се очекуваат наредниот петок, велат продавачите. Се намалува и производството на производите за зимница.
Лаура Стојанова М-Нет