Вечерва започнува фудбалската магија на ноќниот турнир „Малеш Куп“ во Берово

Вечерва започнува второто издание на ноќниот турнир во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово, каде телевизија М Нет ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан од каде ќе известуваме секоја вечер за натпреварите и сите настани поврзани со второто издание на „Малеш Куп“.

Групната фаза на ноќниот турнир во Берово започнува вечерва, ќе се натпреваруваат 14 екипи, поделени во четири групи.

Во групата А ќе се натпреваруваат четири екипи. Ждрепката посака во оваа група да се соочат Еклектик, City Pub & Discoteque Calipso, Панорама Делчево и Рефреш Кафе & Гостилница Гаго. Во групата Б исто така ќе се соочат четири екипи. Pub Делчево, Кинекса Надеж, ОФК Малеш и Динго Тир.

Во групата Д ќе играат три екипи, односно Манто 2013, Вистони ЖП Босилово и Вегас Казино. Во групата Ц исто така ќе играат три екипи. Борово Стебло – Тони и Синовето, ОФК Карбинци и ФК Камерун.

Секој натпревар ќе биде максимално важен за екипи на патот до пласман во следната елиминациона фаза.

Вечерва турнирот ќе биде отворен со воведниот меч кој е закажан во 19 часот. Електрик ќе се соочи со Рефреш Кафе & Гостилница Гаго.

Вториот меч е закажн во 19:45 часот, Pub Делчево оди на соочување со Динго Тир, во 20:30 часот ќе се одигра третиот меч, City Pub & Discoteque Calipso ќе игра против Панорама Делчево, додека пак првата вечер ќе биде затворена со натпреварот меќу Кинеска Надеж и ОФК Малеш во 21:15 часот.

Организаторот има предвидено и музичка агенда за секоја вечер додека трае турнирот. За првата вечер Уска Кан ќе се погрижи за одлична забава на сите учесници на турнирот, како и на публиката.

„Малеш Куп“ важи за еден од најдобро организираните турнири во мал фудбал во Македонија, затоа посетете го Берово и уживајте во фудбалската магија на теренот, во одличната забава, во вкусната храна и неверојатната атмосфера.