
Вечерва започнува фестивалот за деца Весело штурче во Штип. На сцената звукот ќе пулсира низ срцата на учесниците и публиката. Оваа година ќе настапат 24 солисти, придружба ќе биде хорот, а ќе се изведат и три дуети.
„ Оваа година ќе слушнеме 21 хит од кои 3 дуета, ќе настапат 24 солисти, а на сцената во придружба ќе бидат 13 дечиња кои го сочинуваат хорот и 4 дечиња како дел од бендот на ВЕСЕЛО ШТУРЧЕ. Меѓу учесниците има дечиња кои доаѓаат од други градови од Македонија кои патуваат до Штип за подготовките на Весело Штурче.“ – велат организаторите.
Како и секоја година, така и оваа, традиционално во 17 ч. ќе започне претпремиерата, а во 19.30 ч. ќе се одржи фестивалот кој стана добро познат бренд на градот. Весело Штурче пишува нова историја со музика и душа. Вечерва ќе пее Штип во нов и модерен ритам. Овогодинешното издание на фестивалот на песни за деца ,,Весело Штурче” со особена чест ќе биде посветено на директорот на фестивалот, Филип Стевановски, кој беше срцето и душата на Весело Штурче.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет