Ветените 5000 денари за пензионерите од денеска на нивните сметките, некој задоволни, некој се уште не

Ветените 5000 денари за пензионерите од денеска на своите сметки. Со претходното покачување и сегашното, кое беше ветено, тие од сега ќе имаат дополнително по 5000 денари на своите сметки. Покачувањето за некој задоволнително, за друг дел не. Анкетираните рекоа дека истото нема да го почувствуваат, бидејки се уште мака мачат со цените во маркет.

Пензионерите делумно велат дека покачувањето ќе го искористат за купување на месечна терапија, но друг дел пак истакнаа дека ќе имаат можност да уживаат.

Инаку, пензионирите прехотдно во октомври добија дополнителни 2,500 денари на своите сметки, а денес го добија и остатокот, кој беше ветен од страна на премиерот Мицкоски. Тој останува дециден дека ќе го прави највозможното.

Иван Митев, М-Нет