Величков ќе го суди дербито меѓу Детонит и Брегалница, Идризи главен во Богданци!

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Утре на програмата се натпреварите од осмото коло на Втората фудбалска лига, а што се однесува до судиите кои ќе ја делат правдата истите се познати.

Марјан Дејаноски ќе им суди на Вардар Неготино и Победа во Струмица, Алекснадар Василевски ќе им суди на Новаци и Башкими, Александар Урошевиќ ќе им суди на Каменица Саса и Охрид.

Фуркан Идризи ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Вардарски и Беласица, Влатко Илиоски ќе им суди на Осогово и Арсими, Марјан Младеновски ќе им суди на Скопје и Македонија ЃП.

Дарко Котевски ќе им суди на Кожуф и Борец во Гевгелија, а пак Боби Величков го доби дербито на колото кое се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница.

Александар Ванев, М-Нет