
Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на неколку позиции во Штип се поставени Велигденски јајца како симбол на Христовото Воскресение.
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта Христова и спасението.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изрази благодарност до Далибор – Дачо Николовски, соработниците Леонтина Станковска, Митко и Тоше Спиридонови.
