
Денес беа одиграни натпреварите од 11. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Гледачите на М Нет телевизија во живо го следеа мечот од Виница, каде лидерот Вардар со убедливи 0:3 однесе нова победа на домаќинот Слога.
“Вардарци” одиграа уште еден одличен меч и запишаа значајна победа на патот кон враќање во ПМФЛ.
Резултатот на полувреме беше 0:2, па дилемите околу трите бодови беа речиси решени уште во првиот дел. Јанески уште во 2. минута ја отвори Слога, а Мицевски во 43-та погоди на двојна предност на паузата. Симеон Христов во вториот дел го постави конечниот резултат.
Борец го загуби и значајниот дуел од дното на табелата, откако на гостински терен со 3:2 беше поразен од Локомотива.
Саса одигра храбар меч и отлина бод од фаворитот од Радовиш, откако одигра1:1 со Детонит Плачковица.
Пелистер се “потона” во Охридското Езеро, откако со 2:1 беше поразен од Караорман.
Гостивар со сигурни 2:0 го доби локалното дерби со новајлијата Арсими.
Воска се “сопна” и одигра 2:2 со храбриот Кожуф на “Билјанини Извори” во Охрид.
Беласица со 4:0 го декласираше Тетекс на домашен терен. “Штофарите” нижат порази и одат кон испаѓање во Трета лига – Запад.
Охрид продолжува да “гази” се пред себе и стигна до шеста победа во низа, откако ја доби и Беса на гостински терен со сигурни 1:3.