
Денес во простории на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија. Во ждребот беа екипите на Вардар, Струга Трим Лум, Брера Струмица и Шкендија.
Во полуфиналето ќе се играат по два натпревари, дома и гости. Првите натпревари се закажани за 9 април (среда).
Ждрепката посака во полуфиналето да се соочат Вардар против Брера, а пак Шкендија ќе игра дерби со Струга Трим Лум.
Инаку, од сите екипи кои ќе играат во полуфиналето само Струга Трим Лум нема освоено Куп титула, а имаат само едно финале во 2023 кога стружани загубија од Македонија ЃП. „Лавовите“ имаат три Куп титули, Вардар пет пати беше победник во македонскиот Куп, Шкедија во 2016 и 2018 го освои Купот на Македонија, а пак Брера само еднаш го освои Купот тогаш како Академија Пандев во 2019 година.
Александар Ванев, М-Нет