
Марјан Алтипармаковски е најново засилување за Вардар. Искусниот офанзивец е второ засилување во зимскиот преоден рок по доаѓањето на Дејан Ѓуриќ за што објави телевизија М Нет, а во најтрофејниот клуб пристигнува од редовите на Раднички Белград.
32-годишникот кариерата ја започна во Пелистер, а уште играше за Работнички, Брегалница и Струга Трим Љум, во странство играше во БиХ, Србија, Хрватска, Албанија, Бугајија и Грција.
Алтипармаковски досега има одиграни 164 натпревари во ПМФЛ и постигна вкупно 41 гол.
Александар Ванев, М-Нет