
Во три дена ќе биде одиграно првото воведно коло на Првата македонска фудбалска лига.
Новата сезона 2026/2027 се отвара во Кавадарци со мечот меѓу Тиквеш и Арсими, кој е закажан за петок (24 јули) од 17 часот.
Во сабота на програмата ќе бидат два натпревари. Вардар на домашен терен ќе ја пречека Брегалница од Штип, меч кој стартува во 17 часот, а во ист термин ќе се одигра мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново.
За недела се закажани два натпревари. Од 17 часот Силекс ќе се соочи со Башкими од Куманово, а во Скопје од 19 часот под рефлектори ќе играат вицешампионот Шкендија и повратникот Скопје.
Александар Ванев, М-Нет