
По шест одиграни кола во Втората македонска лига екипите на Вардарски и Беласица се единствени без триумф.
Богданци после 27 години одново следи второлигашки фудбал, но малиот град од јужниот дел на Македонија со нетрпение ја очекува и првата победа. На шест одиграни кола екипата на Вардарски успеа да освои само два бодови, откако ремизираше против Скопје во Автокоманда, како и против Детонит Плачковица во Радовиш, додека на останатите четири натпревари запиша порази.
Вардарски е на дното со два бодови, има постигнато шест погодоци, но има примено најмногу дури 13. Веќе утре Вардарски го очекува тешко гостување против Арсими, каде ќе биде тешко да се запише триумф против Арсими кој е голем фаворит, но, со оглед на тоа што Вардарски нема притисок на овој меч, може да игра слободно и да направи изненадување.
Помладената Беласица ги заврши настапите во Купот на Македонија, откако преку пенали беше елимирана од Македонија ЃП, сега струмичката гордост е фокусирана на Втората лига. Тука, струмичани чекаат триумф, бидејќи по шест кола се’ уште нема победа.
Беласица утре на домашен терен ќе игра со Каменица Саса, екипа која влезе во победнички ритам со две врзани победи и која поучена од ланската сезона кога во последното коло го избори опстанокот во Струмица оди само по три бодови.
Осогово во претходното коло го совлада Борец и се израдува на првиот триумф, со што во Кочани започна една позитивна атмосфера. „Жетварите“ зедоа бод од Брегалница во Штип, а сега сакаа барем бод и од Македонија ЃП во гости.
Детонит Плачковица на домашен терен сака продолжува на позитивната серија резултати и само три бодови гледа од Вардар Неготино. Радовишани се фаворити на овој меч против гостинот од Неготино кој е во резултатска криза со четири порази во низа, а тоа што како домаќин мора да игра надвор од Неготино е уште една проблем за нив.
Детонит со нови три бодови пред репрезентативната пауза може да се искачи во топ три во зависност од резултатите на конкурентите, а пак гостинот од Неготино и бод би бил задоволен, иако како цел гледа само три бодови бидејќи може сега е во бараж зоната за опстанок, а може да заврши во зоната за директно испаѓање.
Александар Ванев, М-Нет