Вардарски го промени речиси цел тим – второлигашот од Богданци најавува голема борба за опстанок!

Второлигашот Вардарски за пролетниот дел од сезоната ќе влезе со речиси комплетно нов тим, откако клубот се засили со 14 играчи.

Нови фудбалери во тимот на Вардарски се Марко Илиевски, Марко Ристов, Марко Софијановски, Даниел Васиќ, Алтин Нурединовски, Лука Јакимовски, Даријан Трајчов, Кристијан Димитров, Ахмед Домазет, Давид Ашовалиев, Филип Лазаревски, Бењамин Демир, Емуш Елмаз и Благој Мендов.

Вардарски есенскиот дел од сезоната го заврши на дното од табелата со пет освоени бодови, имаше една победа против Осогово на домашен терен и две ремија, а се останато беше порази.

Ставре Ташев ќе биде тренер на екипата кој пред себе ќе има повеќе од тежок предизвик да се обиде да го спаси Вардарски од испаѓање, бидејќи враќањето на Вардарски во Втората лига е после долги 27 години.

Од клубот најавуваат дека до последно ќе се борат за опстанок во Втората лига, а во таа пролетна борба влегуваат повеќе екипи, покрај Вардарски и Борец, Осогово, Вардар Неготино, а секако и Победа.

Пролетната полусезона ќе започне веќе во сабота со натпреварите од 16. коло, а Вардарски пролетниот дел го отвара на домашен терен против Скопје.

Александар Ванев, М-Нет