
Искршени столчиња, ишарана фасада, остатоци од искршени стаклени шипиња. Ваква беше сликата утринава пред штипската библиотека Гоце Делчев, невиден вандализам пред храмот на книгата. Имено, 30 тина столчиња од амфитеатарот пред библиотеката биле мета на граѓани кои ги искршиле и ги фрлиле во тревата, а дополнително ја ишарале и задната страна од фасадата.
„Сведоци сме на еден вандалски чин, кој е извршен на вчерашен ден во амфитеатарот пред библиотеката „Гоце Делчев“ Штип. Искршени се триесетина столчиња и е уништена со пишување на графити фасадата на библиотеката. Целиот настан е пријавен во МВР и ќе се превземат соодветни мерки со цел казнување на сторителите“ – кажа директорот Џидров.
Не е прв пат овој простор да биде уништен вели директорот Џидров, додавајќи дека сега штетата се проценува на околу 30 илјади денатри. Тој со апел до помладите да го зачуваат она што веќе е направено.
„Овде се искршени некаде триесетина столчиња, од прилика штетата би била околу 30 илјади денари“ – додаде тој.
На терен утринава беа и полициски случбеници од Полициската станица Штип кои извршија увид на местото на настанот.
Лаура Стојанова М-Нет