
Претходно сокриена во грмушки и густа вегетација, Б чешмата во населба Сењак во Штип последните неколку денови доаѓа до израз. Ова се должи на исечените гранки околу неа и празниот простор во кој моментално се наоѓа. Околу неа се изведуваат градежни активности, ископан е просторот наоколу, како и местото за тротоар, стои само чешмата која сега не е во фукција. Дали чешмата ќе продолжи да стои на своето место и откако ќе завршат градежните активности околу неа, прашавме во Општина Штип. Од таму во телефонски разговор за М-Нет телевизија искаткнаа дека чешмата нема некое историско значење за градот, но нејзиното место е во населба Сењак и таму останува. Само што нејзиното пуштање во функција ќе биде за неколку години.
“Просторот над Б чешмата во населба Сењак е продаден на физичко лице пред три години. Тие сега одлучуваат да градат таму. Тротоар нема, а инвеститорот сега изведува градежни активности за да направи земјен пат по кој ќе се движат тешки товарни возила кои таму работат. Заради тоа од општината за сега не се преземаат никави активности. За неколку години кога ќе се завршат активностите на терен од инвеститорот, ќе пристапи Општина Штип со уредување на јавниот простор, тротоарот, како и чешмата. Тогаш истата ќе биде и пуштена во употреба“ – кажаа од општината.

Низ историјата Б чешмата во Штип била едно од најпознатите збирни места.
Лаура Стојанова М-Нет