
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија У – 21, Благоја Милевски го објави списокот на играчи за претстојните квалификациски средби со Израел и Црна Гора. Меѓу 24 повикани играчи се и тројца играчи кои фигурираат од Штип а тоа се Бојан Миовски кој моментално настапува за Унгарскиот тим МТК и на последниот меч со славната Ујпешт извојуваа висока победа од 4:0 а Бојан постигна два гола, како и играчите на Брегалница Кристијан Ацковски и Давид Денковски. Македонија е во групата 6 во која табелата изгледа вака:
- Шпанија 22 15 :1
- Македонија 14 17:10
- Израел 12 11:10
- Казахстан 10 10:18
- Црна Гора 7 10:11
- Ф. Острови 6 2:21
Нашата селекција ќе ја темпира играта за извојување на две победи со што ќе ги задржи шансите како најдобро второ пласирана екипа да заигра на Европското првенство. Натпреварот во гости Израел – Македонија ќе се одигра на 12 ноември додека средбата Македонија – Црна Гора ќе се одигра на 17 ноември во Скопје.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk