
Во вредност од две милијарди и 20милиони 188 илјади денари и намалување од 8% изгаласан Буџетот на Општина Штип за наредната 2022 година. На седницата присустваа советниците од мнозинството и од опозицијата. Првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека и покрај драстичното намалување на Буџетот со добра организација предвидено е реализација на големи капитални проекти.
„Компаративно со минатата година е драстично помал, од причина што просекот на реализираните Буџети во изминатите три години е дрстично помал и една од главните причини е слабата реализација во изминатите три години, заради кои е намален лимитот однонсо горната граница на планирање на овогодинешниот Буџет. Предвидува три големи проекти во Општина Штип. Изградба на обиколница од булевар Гоце Делчев до Ново Село, изградба и проширување на крстосница во населба Сењак на улиците Борис Краѓер и Сремски фронт и изградба на канализација во населба Железничка“ – кажа Јорданов.
На денешната седница предлози во планирањето за Буџетот измаше и од советниците од СДСМ, како и од советничката од Левица. Јавниот превоз, решавање на сообраќајни проблеми, инфраструктура и слично беа само дел од проектите. Главната дискусија беше за пректи поврзнаи со младите и со спортот.
Инаку, на денешната седница на Советот на Општина Штип, советниците од СДСМ учествуваа со гласање по предлог одлуките откако претходно ги потпишаа свечените изјави со придавката Северна.
Лаура Стојанова М-Нет