
Видеото на кое јасно се гледа како на задниот дел од автомобил се измачува мачка, придонесе бурни реакции до граѓаните. Се уште не се знае дали станува збор за измачување или некоја шеговита ујдурма, но сепак полицијата работи на случајот, со што се превземаат мерки за пронаогање на сторителот.
“Откако видеото било споделено на социјалните мрежи, службеници од СВР-Штип, преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот„ се вели во соопштението од СВР-Штип.
За настанот од страна на здружението ,,Ние за благосостојба на животнит, вела дека случајот е еден од честите примери на мачење на животни на ваков начин, односно со врзување и влечење. Според нив видеотот е направено вчера на патиот правец кон планината Серта
„За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд во Гостивар за лице кое под исти околности влечело куче. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија имат обележје на кривично дело„Убивање и мачење животни„ и против сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност„ се вели во соопштението од Здружението„ Ние за благосостојба на животните„
Заштитниците на животни бараат зголемување на санкциите предвидени со член 233, односно Убивање и мачење на животни. Освен поголеми казни бараат воведување на посебни кривични дела и тоа борби со животни, напуштање на животни, како и воведување на засебна безбедносна мерка- забрана за чување на животни.
Иван Митев, М-Нет