
Љубљана, Загреб, Будимпешта се дестинациите кои штипјани ги бараат за продолжениот викенд по повод празникот 8 ми декември, додека Будва и Херцег Нови за новогоишните празници. Со оглед фактот дека доста голема е заинтересиреноста за посета надвор од државата по повод предстојните новогодишни празници, подготвени се и туристичките агенции, кои како што велат имаат секогаш добра и пристапна понуда.
„Вака за претстојната зима имаме голем избор на понуди, пред се за продолжениот викенд за 8 ми декември. Имаме неколку понуди, кои ги нудиме на европските метрополи. Загреб, Љувљана, Будимпешта, каде што и интересот е голем. Што се однесува до новогодишните празници за најлудата ноќ, интересот е доста голем, посебно за посета на Црна Гора. Таму традационално имаме отганизација од страна на неколку градови, меѓу кој и градот Будва и Херцег Нови.“, истакна Митрев
По повод 8 ми декември, понудите се со вклучително со две ноќевања, додека за новогодишните празници со три ноќевања
“За Будимпешта за овој празник е со две ноќевања, но исто е и за Загреб и Љубљана. За новогодишните ги опфаќаме со три ноќевања.”, додава Митрев
Во согласност со ситуацијата, на вкавите дестинации секогаш настапуваат и познати уметници, преку кои празничната еуфорија дополнително се пренесува и создава убави сеќавања за посетителите.
Лаура Стојанова, М-Нет