Бројот на сообраќајни незгоди се намалува, полицијата секојдневно ги казнува несовесните возачи

Продолжуваат засилените полициски контроли од страна на Министертството за внатрешни работи, но и од Секторот за внатрешни работи Штип, како на подрачјето на СВР Штип така и на територијата на целата држава со цел воведување на ред во сообраќајот по патиштата. Од досега постојаните спроведени акциски контроли најмногу казнето возачи има пред се за брзо возење. Но трендот на сообрачајни незгоди и жртви од сообраќајки во 2020 година, како и првото тромесечје од 2021 година е во опаѓање, истакна денеска во Штип поппаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„МВР продолжува со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Штип имаме 106 санкции од кои 45 се за брзина поголема од дозволената. Отако ги започнавме засилените контроли евидентно е дека бројот на сообраќајни незгоди и пред се жртви е во надолен тренд и постојано паѓа. 2020 година е година со најмал број на сообраќајни незгоди, а истиот продолжува и во 2021 година. Периодот од 1ви јануари до 15ти април 2021година спореден со истиот период минатата година имаме намалување од 12% на сообраќајните незгоди и 14% на жртви од сообраќајни незгоди“ – истакана Потпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Од МВР апелираат до сите возачи како на територијата на Штип, така и во целата држава заеднички да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зачувување на безбоедноста по патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Лаура Стојанова М-Нет