
Денес се одиграа натпреварите од редовното 23 коло на Втората Македонска фудбалска лига во која главните фаворити за челната позиција освоија сигурни бодови. Штипска Брегалница ви Кочани ја победи екипата на Росоман со резултат 5:1 а второпласираниот Тиквеш во Кавадарци пред камерите на Мнет ТВ славеше победа над тимот на Осогово од Кочани со резултат 3:0. Тиквеш дојде во водство уште во раната фаза од натпреварот, односно кога беше оправдано досуден пенал а сигурен стрелец за водство од 1:0 во 5 минута беше Симеон Христов. Истиот играч во второто полувреме поточно во 72 м. постигна нов гол повторно од пенал за водство на Тиквеш од 2:0. Шанса за враќање на неизвесноста на резултатот имаше и Осогово, но Недановски од пенал ја погоди само стативата. Конечниот резултат Тиквеш – Осогово 3:0 го постави Стефан Костов со гол што го постигна во 80 м. Еве ги комплетните резултати од ова 23 коло:
- Каменица Саса – Победа 2:1
- Слога – Плачковица 1:1
- Брегалница – Росоман 5:1
- Тиквеш – Осогово 3:0
- Кит Го Пехчево – Кожув 1:0
Табела
- Брегалница 61
- Тиквеш 52
- Кит Го П 41
- Кожув 35
- Каменица С 31
- Осогово 29
- Слога 24
- Победа 17
- Плачковица 12
- Росоман 9
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk