Брера во Анталија ќе се тестира со ривали од Грузија, Украина, Казахстан и Полска

Екипата на Брера Струмица во среда заминува на подготовки во Анталија, а на турско тло ќе одигра и четири пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Струмичкиот прволигаш предводен од Бојан Круљ на 26. јануари ќе го одигра првиот пријателски натпревар против Верес од Украина, вториот контролен меч е закажан за 28. јануари против Черноморец Одеса, на 30. јануари следува контролен меч против Рух од Полска, а пак за 2. февруари е контролката против Атирај од Казахстан со што ќе бидат затворени подготовките во Анталија.

Пролетниот дел екипата на Брера Струмица го отвара против Силекс во Кратово.

Александар Ванев, М Нет