Брегалница ја продолжи соработката со Бојаџиев, Тасев, Георгиев и Михолов

Штипскиот прволигаш Брегалница ја продолжи соработката со четири млади фудбалери кои и во следната сезона ќе го носат дресот на „сините“, а која сезона се отвара токму денес.

Лука Бојаџиев, Даријан Тасев, Лука Георгиев и Дино Михолов ќе бидат дел од Брегалница и во сезона 2026/2027.

Бојаџиев и Тасев се млади фудбалери кои потекнуваат од Брегалница, од клубот посочуваат дека веруваат оти пред нив се големи предизвици и добиваат уште поголеми можности за напредок и докажување. Двајцата фудбалери имаат по 19 години.

21-годишниот Михолов низ неговата кариера покрај за матичната Брегалница настапуваше и за Беласица, Детонит Плачковица и Скопје, а пак Георгиев кој има 22-години се развиваше во фудбалска академии во Германија, а во македонскиот фудбал беше дел од Осогово, АП Брера Струмица и Детонит Плачковица, а минатата сезона имаше одлично издание во дресот на Брегалница.

Веќе утре Брегалница со гостување кај шампионот Вардар ја отвара новата сезона во ПМФЛ.

Александар Ванев, М-Нет