
Брегалница се израдува на првиот пролетен трумф откако на домашен терен во Штип беше сигурна против Новаци и со тоа останува на второто место на табелата, во рамки на 17. коло од Втората лига, а меч кој можевте да го следите на М Нет телевизија со што продолжува соработката со ФФМ.
Новаци се покажа одново незгоден противник, откако „сините“ го отворија резултат за предност од 1:0 на полувреме, во вториот дел Новаци го израмни резултатот, а тоа донесе дополнителен притисок за погодок и триумф, бидејќи екипата на Башкими со минимални 0:1 го доби дербито со лидерот Македонија ЃП и практично борбата за Првата лига станува навистина неизвесна.
Од екипите со амбиции за Прва лига „киксна“ екипата на Арсими која дома одигра 1:1 против Охрид. Детонит Плачковица на домашен терен во Радовиш загуби од Каменица Саса со резултат од 1:2, со што радовишани по ремито од Новаци во претходното коло, сега забележа домашен терен.
Кожуф го доби дербито на Југот со Вардарски, дерби каде домаќинот се намачи и со минимални 1:0 го доби натпреварот, па тоа воглавно значи дека Вардарски е се поблиску до испаѓање во Трета лига – Исток.
Во Велес во дербито на двата поранешни прволигаши Борец и Победа, прилепчани со минимални 0:1 беа подобри и ги освоија трите бодови. Беласица на домашен терен со убедливи 4:0 го декласираше тимот на Вардар Неготино, па тоа воедно беше највисоката победа во рамки на 17. коло.
Овие резултати направија некои промени на табелата, но дополнително го зголемија притисокот за местата кон Прва лига. Македонија ЃП останува лидер со 41 бод, но сега Брегалница која остана втора има 37 бодови и се доближи на четири бодови. Башкими е трет или во бараж зоната за Прва лига со бод помалку од Брегалница односно 36, а пак Арсими е четврти со 33 бодови.
На петтото место изби Саса со 28 бодови, Скопје, Детонит Плачковица и Кожуф го делат шесттото место со по 26 бодови, Охрид е деветти со 25 бодови. Беласица се искачи до десеттото место со 22 бодови, а пак Новаци е на 11-тото местосо 19 бодови.
Победа се врати на 12-тото место со 18 бодови, а во зоната за опстанок е Вардар Неготино со 17 бодови на 13-тото место.
Пред Осогово, Борец и Вардарски е многу тешка мисија за опстанок. Осогово е во бараж зоната со девет бодови, Борец е во зоната за директно испаѓање како претпоследен со шест бодови, а на дното е Вардарски со пет бодови.
Александар Ванев, М-Нет