
Второлигашите во самиот финиш на преодник рок промовираа нови засилувања за пролетниот дел од сезоната.
Брегалница се засили со Аљбан Мемеди, кој доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија, a претходно 22-годишникот беше дел од Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, кумановски Милано, додека пак во странство настапуваше за Лирија од Косово.
Лука Трајкоски е ново засилување во редовите на Кожуф кој доаѓа од прилепска Победа, а претходно беше дел и од Македонија ЃП, Тиквеш, Борец, Вардар и Детонит Плачковица. Одново тренерот Иван Варадиновски ќе соработува со Лука Трајкоски, откако претходно двајцата заедно работеа во Радовиш.
Во тимот на Каменица Саса беа промовирани Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи, кои доаѓаат од Шкендија Арачиново. Чурлинов е повратник во редовите на Каменица Саса, а има настапувано и за Тетекс, Силекс, Скопје, Работнички, Брегалница и Вардар.
Цаколи е 22-годишен фубдалер кој беше дел и од Арсими, БВК Коњаре и Шкупи.
Пролетната полусезона во Втората лига започнува на 21 февруари со натпреварите од 16 коло.
Александар Ванев, М-Нет