Брегалница прокоцка два гола предност, Шкупи ја доби Шкендија, три бода за Работнички

фото: ФК Работнички

Денес се комплетираше 17. коло од Првата лига со пет натпревари, откако оваа рунда беше отворена вчера со победата на Вардар над Македонија ЃП од 0:1.

Брегалница прокоцка два гола предност и на крај мораше да се задоволи само со бод против Воска Спорт (2:2) во Штип.

“Сините” со головите на Андонов и Вебстер имаа предност од 2:0. Пред крајот на првиот дел Сикиру погоди за 2:1 на полувреме. Во финишот на натпреварот Трпески погоди за конечни 2:2.

Шкупи со минимални 1:0 ја доби пресметката со Шкендија за врвот од табелата. Стрелец на победничкиот гол беше Трапановски.

Работнички со голот на Ермедин Адем стигна со победа од 1:0 против Брера Струмица.

Силекс во финишот се спаси од пораз на домашен терен откако одигра 1:1 со Гостивар.

Кехинде погоди за 0:1 на полувреме, а Ѓорѓиевски во 88. минута постигна гол за конечни 1:1.

Тиквеш од 2:0 предност против шампионот Струга на домашен терен на крај загуби со 2:3.

Згуро во 6. минута си постигна автогол со што Тиквеш имаше 1:0, а во 13. минута Ибиши постигна гол зљ 2:0.

Радески во финишот постигна два брзи гола за 2:2 на полувреме. Во вториот дел Георгиевски постигна гол за пресврт и победа од 2:3 за Струга.

АВТОР: Александар Ванев