
По две сезони поминати во Втора лига екипата на Брегалница успеа да се врати во Прва лига откако стана шампион во второлигашката конкуренција и имаше директен влез во елитата.
Распоредот за есенската полусезона од сезона 2026/2027 за Првата лига е познат, а со тоа е познат и патот на Брегалница од првото до последното 18-то есенско коло.
Брегалница сезоната која започнува на 25 јули ја отвара против актуелниот шампион Вардар во Скопје, а првиот меч како домаќин ќе го има во 2. коло, кога во Штип ќе допатува Арсими. Во 3. коло „сините“ ќе се соочат со Шкендија во гости, а во рамки на 4. коло во Штип екипата на Брегалница ќе игра против Башкими.
Во рамки на 5. коло Брегалница ќе оди на гости кај Струга Трим Лум, потоа доаѓа мечот со Шкендија Арачиново во Штип, следува гостување на Брегалница во Кратово во Силекс, а во рамки на 8. коло кое ќе се игра на 19 односно 20 септември Брегалница дома ќе игра со Скопје.
Ќе следува репрезентативна пауза, а по истата во деветтото коло кое е закажано за 9 односно 10 октомври Брегалница ќе гостува кај Тиквеш.
На 17 односно 18 октомври стартува вториот круг. Брегалница против Вардар на домашен терен во Штип, потоа гостување против Арсими, дома со Шкендија, во рамки на 13. коло Брегалница ќе гостува кај Башкими, а потоа Струга ќе доаѓа во Штип, во 15. коло Брегалница ќе гостува кај Шкендија Арачиново.
Во рамки на 16. коло Брегалница ќе биде домаќин на Силекс, следува гостување во Автокоманда кај Скопје, а во рамки на последното есенско коло Брегалница ќе игра против Тиквеш на домашен терен.
Потоа ќе следува зимската пауза, а во пролетниот дел ќе се одигра вториот круг дома – гости.
Александар Ванев, М-Нет