„Полесно е да се освои титула, отколку да се одбрани“ – Чурлиновски за успехот на штипските „пантери“ на Опен Балкан лигата

Боксерскиот клуб Пинк Пантер стигна до втора шампионска титула на Опен Балкан лигата во конкуренција на Олимписки надежи што е голем успех за штипскиот клуб.

Ова меѓународно натпреварување е сочинет од 67 клубови од поранешна Југославија вклучително и Романија, а организирано од страна на боксерската федерација на Србија.

Во силна конкуренција првата титула Пинк Пантер ја освои со млади и не толку искусни боксери, но со добра подготовка, стратегија и анализа од страна на тренерот Чурлиновски беше обезбедена првата титула.

„Секогаш освојување е малку полесна работа отколку задржување на титулата. Меѓутоа во првата година БК Пинк Пантер беше најмасовен со учество на боксери на Опен Балкан, од одредени клубови имаше од четири од шест боксери, од БК Пинк Пантер имаше секогаш десет боксери“, рече Чурлиновски.

За разлика од првата година во втората година Пинк Пантер до титулата стигна со веќе искуството на младите боксери, но и со бодовната залиха која беше стекната во есенскиот дел.

„Боксерите веќе со претходното искуство уште во првите кола ја покажаа доминацијата и во првите пет кола на првиот дел БК Пинк Пантер направи голема предност. Во вториот дел генерација која беше кадети во 2026 година премина во јуниори, кои влегуваат во конкуренција на Опен Балкан и со четири боксери ја држав таа разлика.“

За секој успех треба да има добра подготовка, анализа и стратегија за да може да се стигне од посакуваната цел.

„Со добра стратегија и анализа, познавајќи ги и боксерите и екипи кои учестуваат, потенцијалот со кои ние располагаме и така стигнавме до резултат ќе донесе втора шампионска титула“, дополни Чурлиновски.

За боксерскиот клуб Пинк Пантер ова е уште еден огромен меѓународен успех, две титули една по друга, правилна систематизација и добра подготовка на младите боксери од страна на искусниот селектор и тренер Петре Чурлиновски.

Александар Ванев, М-Нет