
Денес во Македонска Каменица се одигра пријателски натпревар меѓу Каменица Саса и Брегалница, кој заврши со висока победа за штипскиот тим од 0:3.
Сите три погодоци беа постигнати во вториот дел, а стрелци на истите беа Капсаров, Михолов и Иванов.
Двете екипи на 7 февруари ќе се соочат уште еднаш на пријателски меч, но овој пат во Штип.
Александар Ванев, М-Нет