
Фудбалерите на Брегалница Штип можат да жалат за денешниот минимален пораз од Вардар со 0:1 на Градскиот стадион во Штип.
И покрај добрата игра и желбата да се стигне до позитивен резултат, „сините“ останаа без бодови, а пресуден беше погодокот на штипјанецот Бобан Николов, кој настапува за скопските „црвено-црни“.
Николов, кој е роден во Штип, го постигна единствениот гол на натпреварот во 24. минута, со што на својот Вардар му донесе предност која гостите успеаја да ја задржат до самиот крај.
Статистиката покажува дека Брегалница имаше седум удари кон противничкиот гол, од кои два во рамките на голот, додека Вардар упати шест удари, три во рамките на голот. Поседот на топката беше 43 проценти за домаќините наспроти 57 проценти за гостите.
На крајот, Вардар ги освои трите бода, но Брегалница може да жали што добрата игра не ја круниса со позитивен резултат. За штипските навивачи останува надежта дека прикажаното на теренот ќе биде добра основа за следниот многу важен натпревар против Арсими.