Брегалница избори пласман во Полуфиналето на Македонскиот куп

Во одиграните Четврт финалните реванш средби во рамките од Купот на Македонија се постигнаа следните резултати:

1. А.Пандев – Шкупи 1:1

2. Ренова – Струга Трим Лум 1:2

3. Работнички – Шкендија 2:2

4. Лабуништа – Брегалница 1:4

Брегалница победи и во првиот меч во Штип со резултат 1:0 и се пласира за полуфиналните куп натпревари, во кои пласман обезбедија уште екипите на Академија Пандев, Шкендија и Струга Трим Лум.

Во меѓувреме се изврши и ждрепката за полуфиналето на Македонскиот куп:

1. Академија Пандев – Брегалница

2. Шкендија – Струга Трим Лум

Првите средби ќе се одиграат на 8 Април, а реванш средбите ќе се одиграат на 6 Мај оваа година.

Автор: Драги Герасимов – Пушка