Брегалница го „прегази“ Арсими, новите засилувања стрелаа за првите три бода во Штип!

Брегалница на најдобар можен начин одговори по поразот од Вардар во првото коло и стигна до првата победа во новата сезона на ПМФЛ. Штипските „сини“ на Градскиот стадион во Штип со убедливи 3:0 го совладаа Арсими во второто коло.
Домашниот состав уште од самиот почеток тргна офанзивно, а резултатот беше отворен во 10. минута. За водство на Брегалница погоди Мартин Стојанов, едно од новите засилувања во екипата.
Штипјани продолжија со добрата игра, а во 28. минута стигна и вториот погодок. Методи Максимов го зголеми водството на 2:0 и донесе уште поголема сигурност во редовите на Брегалница.
Во второто полувреме домашните не застанаа. Во 50. минута повторно во листата на стрелците се запиша Мартин Стојанов, кој со својот втор гол на натпреварот зголеми на убедливи 3:0.

Во финишот, односно во 86. минута нововлезениот Даријан Тасев ги постави конечните 4:0.
До крајот Брегалница рутински го заврши натпреварот и заслужено стигна до трите бода.
Посебно радува фактот што првите три погодоци ги постигнаа новите засилувања – Стојанов двапати и Максимов еднаш.
По неуспешниот старт против Вардар, Брегалница со одлична реакција во второто коло го запиша првиот триумф сезонава, испраќајќи јасна порака дека оваа екипа има што да покаже во ПМФЛ.