Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.
„Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап кон сајбер-безбедноста. Еден од клучните чекори во тој процес е новата законска рамка. Со неа, за првпат на јасен начин се определуваат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во делот на безбедноста на мрежните и информациските системи. Се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведува обврска за пријавување на безбедносни инциденти и се поставуваат посилни механизми за заштита на суштинските и важните субјекти“, речеБојковска.
Според неа, ова е важна промена затоа што сајбер-безбедноста повеќе не се третира како прашање што се решава само кога ќе се појави проблем.
„Градиме систем во кој постојат јасно дефинирани одговорности, правила и механизми за превенција и реакција. Граѓаните со ова добиваат побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на личните податоци и поголема отпорност на инфраструктурата што е од суштинско значење за функционирањето на државата“, рече Бојковска.
Текстот Бојковска: Македонија се најде на листата на топ 30 земји во светот за сајбер-безбедност е превземен од МАКФАКС.