
Законот за дивоградби вратен во собрание, Асоцијацијата на архитекти на Македонија со став дека не треба повторно да се носи овој закон затоа што тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.
„Бесправното градење треба да биде казниво. Просторот е необновлив извор кој треба многу внимателно и паметно да се планира. Сите непланирани повреди на истиот треба да бидат соодветно санкционирани“, велат од ААМ
Од друга страна пак Владата со мислење дека овој Закон треба да биде донесен за да не останат без дом над 50 илјади семејства. Со ова се согласува и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
„Владата е прва одговорна заедно со собранието да бараме решенија да бараме начини за да ги решаваме проблемите, а не истите да ги ставаме под тепих.“ – кажа Бочварски.
Законот не е идеален, има свои слабости, има и добри страни, но мора да се бараат решенија посочи Бочварски.
ААМ апелира уште еднаш да се разгледа потребата од носење нов Закон, затоа што со ваква декриминализација на бесправното градење се доведува во прашање и правната, материјалната, социјалната и финансиската еднаквост на учесниците во градбениот процес.
Од друга страна Бочварски истакна дека се спротивно на ова е неприфатливо за државата, бидејќи проблемите се ставаат под тепих или едноставно држат стаус кво а не се решаваат.
Лаура Стојанова М-Нет