Бочварски: Истокот од регион со инфраструктура од 19 век се претвори во регион со модерни патишта

Од запоставен регион со инфраструктура од 19 век, Истокот се претвори во регион кој со безбедени и модерни патишта, истакна од Штип, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. За само пет години потенцираше дека променета е целата слика за инфраструктурата во Штип и Истокот, а зголемен е и бројот на странски и домашни инвестиции со што се зглжолемува бројот на вработеност во овој дел од државата.

„Штип и Истокот се најдобриот пример за променетата слика во инфраструктурата и поврзувањето денеска во Македонија. Од запоставен регион со инфраструктура од 19 век за само пет години овој регион стана пример за изградени безбедни и модерни патишта кој го направија Истокот по конкурентен, преку отворање на нови компании со перспективи и можности за отворање на нови добро платени работни места. Новата инфраструктура несомнено бепше услов голем број на странски па и домашни инвеститори да додјат овде да инвестираат токму во Истокот.“ – вели Бочварски.

Без развиена инфраструктура нема развој на државата посочи од Штип, вицепремиерот Бојан Маричиќ. Согласен е дека инфрастуктурата е нешто на што се работи изминатиот период во државата и на тој начин се движиме напред.

„Оддамна ни е јасно дека не може да има развој без развиена инфраструктура, не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа. Затоа нашата Влада е максимално посветена на подобрување на оваа инфраструктура и преземени се како што беше спомнато голем број на активности кои веќе се кажани.“ – вели Маричиќ.

Со подобра инфрастуктура,зголемени инвестиции и зголемување на бројот на работни места се зголемува можноста Македонија да биде дел од ЕУ, се потенцираше вчеравечер во Штип на кампањата под мотото „Ние сме Европа“.

Лаура Стојанова М-Нет