Како фунцкионира правната клиника во Штип, која е разликата со Хрватска и Франција?

Веќе четврта годинапо ред во функција е правната клиника на Правниот факултет при УГД Штип. Со тоа на граѓаните им се нуди беспалтна правна помош, а на студентите можност за практична настава. Професор Милица Шутова истакна дека извештаите кои се поднесуваат до Министерството за правда се показатели дека има доста успеси постигнати благодарение на оваа клиника. До сега се работело со околу 50 клиенти.

„Имаме доста успеси, а за тоа зборуваат извештаите кои ги поднесуваме до Министерството за правда, имаме повеќе случаи кои се завршени и се надевам и сум оптимист дека понатаму се повеќе и повеќе ќе се зголемува бројот односно интересот на граѓаните и ќе можеме да и помагаме за решавање на нивните прашања“ – вели Шутова.

За разлика од универзитетската правна клиника во Штип, онаа во Загреб работела со околу 200 илјади предмети. Својот вистински врв го достигнува со влезот на државата во ЕУ, вели професорот Узелац, оти тогаш се променети и доста Закони.

„Ако гледаме развојот на правото за бесплатна правна помош можеме да видиме дека развојот на транзицијата беше период во кој дојде до пад во квалитетот на пристапот на заштитата.Тогаш само што започна изградбата на еден функционален систем.Ние за да можеме да влеземе во ЕУ моравме да промениме неколку Закони. Законот за бесплатна правна помош на почетокот не функционираше најдобро се до неоддамна. Ама со пристпапот кон ЕУ не треба само да се променат Законите туку истите треба да се применуваат на дело. “ – додава Узелац.

Франција веќе подолго време се грижи за социјалната заштита на своите граѓани вклучувајќи ги и мигрантите.

„Франција има една долга традиција на социјална заштита и на младите и на повозрасните ама и на мигрантите. Се надеваме дека тоа како традиција ќе продолжиме да го одржуавме“- додава Ле Паб.

Денеска на Правниот факултет при УГД Штип се одржа 10. по ред Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“.

Лаура Стојанова М-Нет