Борец го „распарчи“ Големо Коњари, „петарда“ во Крушево, Превалец ја искина мрежата!

Во 18. коло од Трета лига – Југ се случи вистински дожд од погодоци. Денес беа постигнати 27 погодоци или во просек 5,4 погодоци по меч.

Наместо дерби меѓу конкурентите Големо Коњари и Борец, убедлива победа за некогашниот прволигаш од Велес кој со 0:6 го збриша конкурентот на гостински терен. Јосиф Манасиев беше играч на мечот со постигнати три гола. По еден гол постигнаа Стојанов, Јордановски и Костадиновски.

Превалец со 8:1 го декласираше Ултрас кој беше инфериорен противник. Чоков беше најдобар на овој меч со три гола, Гаштев погоди двапати, а по еден гол постигнаа Драскачев, Ѓорѓиевски и Спиридонов. За гостинот Богојевски беше стрелец на еден гол.

Питу Гули со „петарда“ за Локомотива во Крушево (5:0). Во дуелот на некогашните второлигаш Митревски, Волчески, Стојаноски, Велевски и Алимоски беа стрелци за домашниот тим од Крушево.

Росоман со погодоцина Јованов и Миланов славеше над Слога ос 2:1, во меч каде Османоски беше стрелец за гостинскиот тим.

Марена на домашен терен со 3:1 го доби мечот против Младост од Кривогаштани за излез од резултатската криза. Велјанов погоди за 1:0, а Чапкуноски за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Михов и Фазлиов беа стрелци за конечните 3:1.

Борец е лидер на табелата со 39 бодови втор е Росоман со 36 бодови, Превалец е трет со 33 бодови, а на четвртото место е Големо Коњари со 31 бод.

Александар Ванев, М-Нет