
Боксерите на Пинк Пантер од Штип утре заминуваат на силен меѓународен турнир во Коменда, Словенија, а кој турнир се одржува претстојниот викенд.
Штипскиот боксерски клуб ќе настапи со неколку боксери, како што веќе информираше М Нет телевизија, меѓу нив и поискусните Али Расимов, Марко Чурлиновски, Кристијан Штрков, Иса Бајрам и Зулфикар Бајрам.
„Ова ќе биде уште едно големо искуство на младите „пантер“ од Штиш, а секоја победа ќе биде голем успех за БК Пинк Пантер“, вели тренерот Петре Чурлиновски за М Нет.
На овој силен турнир ќе настапат боксери од Словенија, Австрија, Швајцарија, Романија, Македонија.
Александар Ванев, М-Нет