
Боби Божиновски реши да ѝ стави крај на играчката кариера и на 41 година замина во пензија од професионалниот фудбал.
“Седумката” на Македонија ЃП ги закачи копачките на клин, со “лавовите” последно го крена Купот на Македонија, а тука помима пет сезони.
Во својата богата кариера настапуваше и за Пелистер, Тетекс, Работнички, Цементарница, Беласица и Вардар на домашната сцена, а на меѓународната за Локомотив Астана, Судува и Ветра.
Инаку, Божиновски со 41 година беше најстариот активен играч во Првата македонска фудбалска лига.
Божиновски сега се насочува во тренерските води, а исто така, минатата сезона беше најстариот активен играч и на Балканот, односно во првите лиги т.е. во професионалниот фудбал.
“Боби Божиновски оваа година ја завршува својата богата кариера, ние како клуб сме благодарни за се што придонесе за Македонија ЃП”, велат од прволигашот од Ѓорче.