
Благој Анакиев од денес е новиот советник во Советот на Општина Штип. Тој доаѓа на местото на Душко Иванов, кој воедно е избран за пратеник во собранието. Инаку, Иванов беше советник на Советот во општината од октомври 2021 година, кога се одржаа локалните избори. Како советник тој беше еден мандат, а воедно беше и координатор на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
“Верификационата комисија утврди дека издаденото решение за член на советот на општина Штип е во согласност со членот 37 став 4.4 од зборниот законик, па затоа му предлага на советот да го верифицира мандатот за член на советот на Благојчо Анакиев“.- вели Здравков
“Од страна на Душко Иванов доставена е писмена оставка од функцијата советник на општина Штип поради не споивост на функциите согласно со член осум, став пет од изборниот закон. Согласно со членот 33 од деловникот за работа на општина Штип, советот без расправа на првата наредна седмица го констатира престанокот на мандатот. Од овие причини се констатира дека мандатот на советникот Душко Иванов му престанува од 19 Јуни 2024 година, поради писмено дадена оставка“ – вели Карагунова
Врз основа на издаденото решение на избран советник на општината, претседателката на советот Весна Кожинкова Карагунова, го прогласи Благојчо Анакиев за новиот член на истиот совет.
“Согласно членот 155 од изборниот законик, нов член на советот на општина Штип од листата на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и обнова за Македонија е Благојчо Анакиев“- додава Карагунова
Со именувањето Иванов за пратеник, тој се откажа од советничкото место, а во мирување е неговата функција во агенцијата за електронски комуникации.Тој е во план да ја задржи функцијата како претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, Советот на Општина Штип, го сочинуваат вкупно 23 членови и тоа е во согласност со бројот на жители во општината. Времетраењето на мандатот на членовите на советот трае во рок од четири години и истите имаат за цел да ги претставуваат граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет