БК Пинк Пантер подготвен и мотивиран за последното коло од екипното првенство на Македонија во младинска конкуренција!

Во сабота ќе се одржи последното коло од екипното првенство на Макеоднија во младинска конкуренција, каде боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип максимално мотивиран атакува на сочувување на третото место.

„Во сабота е последното коло од екипното првенство на Македонија во младинска конкуреција, каде екипата на Пинк Пантер настапува. Ќе настапиме со седум боксери и мислам дека боксерите се спремни да го дадам максимумот, да ја одржиме бодовната разлика која ја имаме од 11 бода и да ја зголемиме таа бодовна разлика, а со тоа да го земеме третото место во младинската лига“, рече Чурлиновски.

Боксерскиот клуб Пинк Пантер прави големи успеси со млада генерација, а во иднина се стреми и кон повисоки цели.

„Со планска и систематска работа стигнавме со една млада генерација која прва година настапуваше, почна оваа година стигна до третото место. Не застануваме тука сега ќе имаат и поголемо искуство после екипното првенство имаме поединечно првенство, каде треба да боксуваат за прваци на Македонија, а со тоа завршува оваа натпреварувачка сезона. Следната година по календарот постојат домашни и меѓународни натпревари, европски, светски.“

Чурлиновски вели дека од оваа млада генерација може да произлезе иден Димитар Ташков.

„Има неколку млади боксери надежи, се зависи како ќе продолжат, ако прават исто како Димитар Ташков, кој беше амбициозен, кој се посвети на боксот и кој имаше цел во боксот го постигна највисокото што можеше да го постигне. Сметам дека овие млади боксери треба да одат по тој пат да им биде еден идол“, вели Чурлиновски за М Нет телевизија.

Во боксерскиот клуб Пинк Пантер тренираат околу 25 дечиња, а клубот е активен и успешен и на меѓународни натпреварувања.

„Покрај првенството на Македонија исто така ние учествуваме и на Балкан Куп каде учествуваат клубови од Албанија, Србија, Романија и ние како Македонија. Ние сме еден од трите клубови покрај Охрид, Битола и ние од Штип пинкпантерите исто така настапувавме на Балкан Опен каде и го освоивме четвртото место. Мислам дека младите треба да се вклучат во спортот особено во боксот, боксот е можам да кажам еден од подобрите спортови каде ги стекнуваат сите карактерни особини како личности“, надополни Чурлиновски.

Боксерскиот клуб Пинк Пантер има успешна млада генерација, која во иднина ќе цели кон високи успеси и надвор од Македонија.

Александар Ванев, М-Нет