
Прволигашот Беса од Добри Дол ги започна подготовките за пролетната полусезона, каде тимот предводен од новиот стратег Горазд Михаилов се соочува со силен предизвик – опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Искусниот стратег беше ангажиран со цел да му помогне на тимот да избори опстанок во Првата лига, што ќе биде доста тешка задача. Од клубот досега заминаа пет фудбалери, а во следните денови се очекува да пристигна и првите засилување на Беса.
Беса се наоѓа во бараж зоната како десеттопласираната со 13 бодови на своето конто, има учинок од три победи, четири ремија и 11 порази, а пролетниот дел го отвара во Охрид на „Билјанини Извори“ против последнопласираната Воска Спорт, што ќе биде вистински тест за амбициите за опстанок во Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет