
Беласица преку социјалните мрежи се пожали за непримерно однесување во пресрет на натпреварот од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, на гостински терен кај Локомотива Скопје.
Како што информираат од струмичката гордост, тренерот и тренерот на голмани на Беласица биле нападнати со тупаници и шлаканици во соблекувалната од страна на засега неидентификувани лица, а притоа немало обезбедување и полициски службеници, врз целиот тим на Беласица биле упатени закани дека ќе се искористи огнено оружје.
“СКАНДАЛ ВО ВТОРА МФЛ: ФУДБАЛ ИЛИ КИК БОКС ТУРНИР?
Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје! Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот”, се вели во соопштението на Беласица.
Како што се вели во соопштението овој инцидент наводно се случил во соблекуввалната на игралиштето на Фортуна.