
Со изложба пред платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани одбележан Денот на жената. 32 дела изработени со разна техника на платно од вредните рачиња на учениците од училиштето за цртање и сликање беа замена за цвеќе. Под мотото „Подари цртеж“ во замена на цвеќе традиционално и оваа година учениците цртаа за Осми март.
„Центарот за култура „Бели мугри“ и училиштето за цртање и сликање ја организира оваа изложба празнувајќи го Денот на жената. Оваа изложба е насловена како „Подари цртеж во замена за цвеќе“ каде преку ликовната уметност докажуваме дека поклон може да биде и еден цртеж. Оваа изложба ја изработија учениците од училиштето за цртање и сликање во најразлични техники, брои 32 дела кои претежно се изработени на хартија“ – вели Димитрова.
Меѓународниот ден на жената се одбележа и во библиотеката „Искра“, каде членови на литературниот клуб „Копнеж“ твореа и читаа за мајката.

„Денешниот настан е традиционален кој го организира литературниот клуб „Копнеж“ Кочани. Се собравме да го одбележиме денот на мајката, денот на жената со песни кои се исклучително пишувани од нашите членови. Да покажеме уште еднаш дека жената е изедначена со мажот“ – додава Мицов.
Изложбата и литературното читање се традиционални настани кои се реализираат секоја година за Денот на жената.
Лаура Стојанова М-Нет