
Новогодишните празници од годините наназад најчесто беа проследени со голема употреба на пиротехнички средства, кои во најголема мера се употребуваат од помладите. Петарди, огномети, и слични пиротехнички средства го огласуваа самото доаѓање на Новата година, и беа заштитен знак на 31 декември на полноќ. Меѓутоа не изостануваат и повредите од истите, кои многу често оставаа трајни последици. Затоа и Министерството за внатрешни работи, секоја година апелира да нема употреба на истите. Годинава, новогодишната ноќ е забранета да се прославува на отворено по плоштадите ширум државата, но тоа не го менува фактот дека истата ќе постои. Од анкетата која ја спроведовме во Општина Штип, граѓаните дисциплинирано не користат пиротехнички средства.
Во согласност со ова од Секторот за внатрешни работи – Штип, Имајќи во предвид дека пред и за време на истите од страна на граѓаните неовластено се набавуваат и употребуваат пиротехнички средства, ги известуваат граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир а може да дојде и до предизвикување на тешки последици по здравјето и телото на граѓаните..
Употребата на пиротехнички средства се казнува со глоба од 200 до 500 евра, а препродавањето на истите е кривично дело.
Лаура Стојанова М-Нет