
Башкими вчера славеше над Кадино со резултат од 3:1 и со тоа го чува врвот од табелата во Трета лига – Север на патот кон бараж за Втора лига. Ќаили, Мустафи и Љутфиу беа стрелци за Башкими, а Малов беше единствен стрелец за ланскиот второлигаш Кадино.
Аеродром дома загуби со 1:3 од екипата на Фортуна. За домашниот тим погодоција Филиповски и Тодоровоски, а пак за гостите Мемедовски беше двоен стрелец, додека пак во финишот на мечот стрелаше Јашари, кој ги обезбеди и трите бодови за Фортуна.
Маџари Солидарност на домашен терен беше поразен од Илинден со 1:2. За домаќините погоди Рајатоски, а пак за гостите Цаневски и Божиновски.
Башкими Љуботен со 2:1 го доби дуелот со Раштак со погодоците на Мамути и Исени, а пак Трпковски го ублажи поразот на конечните 2:1.
Волково дома беше минимално поразен од Куманово со голот на Дамјан Благоевски постигнат во 14. минута од мечот.
Риниа како домаќин со 2:1 беше подобар од Петровец. На полувреме резултатот беше 1:1, па победникот се решаваше во вториот дел. Јусуфи погоди за 1:0, а Божиновски за 1:1. Во 73. минута Зирап Имери стрелаше за конечни 2:1.
Минимална победа од 0:1 забележа и Беса Влазрими на гостувањето кај Еуромилк во Горно Лисиче со голот на Харун Касуми постигнат во 31. минута.
БВК Коњаре го декласираше составот на ССК Нова на домашен терен со убедливи 7:0. Двојни стрелци беа Кристијан Ристовски и Гезим Бакиевски, а по еден гол постигнаа Фикрет Љиварека, Нермин Бишевац и Адем Аџами.
Башкими е лидер на табелата со 43 бодови, пред БВК Коњаре кој има 40 бодови, а пак Фортуна е трета со 38 бодови.